Министерот за економија Крешник Бектеши, во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, призна дека субвенционирање на приватните компании да вработуваат Албанци, е заеднички проект на владата на СДСМ и ДУИ, укажувајќи дека тоа што е предвидено ќе го реализираат бидејќи имаат обврска пред граѓаните.
Не е толку важно дали е во сопственост на Албанец или управител е Албанец или Македонец или било кој друг. Важна е структурата на компанијата и ние ги охрабруваме сите компании, како што работи јавниот сектор во делот на застапеноста на етничките заедници на таков начин и тие да пристапат, додаде тој.
Бектеши е дециден дека оваа владина мерка ќе се реализира, и како што рече за него ова е завршена тема и не сака повеќе да коментира на истата.
Тоа е предвидено и секако ќе го реализираме, бидејќи како влада имаме обврска пред граѓаните тоа да го направиме. За мене ова е завршена тема и не сакам веќе да коментирам на вакви теми. Ние ќе ја спроведеме владината програма, изјави Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.