Грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас и министерот за економија на Македонија. Крешник Бектеши, денеска потпишаа договор за енергетска интерконекција, односно за изградба на гасоводот помеѓу двете земји.
На тоа ќе претходи тест на пазарот за да се потврди одржливоста на проектот, додека изградбата започнува на почетокот на 2022 година. Конечната одлука за инвестиција за изградба на интерконекција на системите за природен гас меѓу Грција и Македонија се очекува да биде донесена во текот на годината.
Станува збор за цевковод долг 54 километри со почетна точка во Неа Месимврија што ќе овозможи снабдување на Македонија со природен гас преку Грција, користејќи ја инфраструктурата на гасоводот и течен природен гас на ДЕСФА.
Како што изјави извршната директорка на ДЕСФА, Марија Рита Гали, има уште многу да се направи, но има и силна посветеност на двете земји за спроведување на гасоводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.