Министерот за економија, Крешник Бектеши се надева дека Регулаторна комисија нема да ја зголеми цената на електричната енергија, иако ЕСМ и МЕПСО побараа покачување. Посочи дека на седница на Влада вчера е донесена одлука за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 проценти, што оди во прилог на граѓаните, како и да им се намалат трошоци во постковид периодот.
Секако дека наша цел како Влада е да имаме сигурно снабдување на сите домаќинства и тоа веќе го остваруваме и оваа одлука е да им се излезе во пресрет на сите наши граѓани, посебно на домаќинствата во нашата држава за да не се зголеми цената на струјата. Јас сум убеден дека имајќи ги во предвид сите параметри наредната одлука на Регулаторната комисија ќе биде да нема зголемување на цената на електричната енергија- рече Бектеши.
Министрите Бектеши и Османи денеска беа во посета на Штип, каде што се отвори почесниот конзулат на Унгарија, а исто така се реализираше и македонско- унгарски бизнис форум, на кој присуствуваа преставници од бизнис заедницата од двете земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.