Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19.
Како што информира министерот преку неговиот фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли.
Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето – вели Бектеши.
Со последните мерки на Владата се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.