Министерот за економија Крешник Бенктеши, под чијашто надлежност е туристичката дејност, денеска рече дека македонската влада нема да преговара билатерално, по примерот на српската, со грчката влада, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот во одговор на новинарско прашање.

Денеска на состанокот на министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис и Татјана Матиќ, министерката за трговија и туризам на Србија, беше договорено да се прифатат руските и кинеските вакцини за српските туристи, а за децата до 10 години да не биде потребен ПЦР-тест. Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција преку Македонија и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.