И покрај гласините дека реформите во економскиот сектор се се поизвесни, министерот, надлежен токму за овој ресор вели дека тие работеле како што треба А бројките тоа го покажувале.. За тоа дали стравува дека ќе биде разрешен тој или некој од неговите колеги вели за тоа одлучувал премиерот Заев.
Првиот гласноговорник за промени во економскиот сектор беше вицепремиерот Османи кој два дена по ред ја потенцира потребата од зајакнување на економскиот сектор кој досега беше во сенка на политиката:
По изјавите на Османи, молкот од СДСМ го скрши министерот за јавна администрација Манчевски кој вели дека во економијата како и во секој друг ресор секогаш може повеќе.
Извори за Алфа коментираат дека во власта веќе има и отворен судир околу тоа кој ќе мора да си оди. Дали министерот за економија кој е од ДУИ, или пак некој од кадрите на СДСМ Тевдовски, Сугарески или можеби Анѓушев. Сепак министрите од економскиот сектор велат дека се релаксирани по ова прашање, оти си ја вршеле работата како што треба, а и премиерот ќе ја донел одлуката за метлата.
Додека јавноста шпекулира кој се ќе биде дел од реконструкцијата на Владата, чии имиња ќе ГИ знаеме до крајот на месецов, односно почетокот на идниот, се и очекува и средба на Заев и Ахмети каде ќе се разговара кој ќе биде дел од црната листа за чистка.
Најавите за метла на Заев уште во старт наидоа на нож во ДУИ од каде реагираа дека тие одговарале само пред нивниот лидер Ахмети. Во меѓувреме Заев продолжува да размислува и да се консултира за кој ќе биде сменет, а напомена и дека смена на подолните ешалони, односно директори на јавни претпријатија може да се очекува кон крајот на јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.