Владата на  Македонија уште на почетокот на избивањето на Пандемијата пред скоро две години посветено работеше на креирање на интервентни мерки за поддршка на економијата и на граѓаните со цел за максимално намалување на негативните последици од економската криза која што ја зафати целиот свет. Подготвивме мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра или околу 11% од БДП. Овие мерки придонесоа да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5% на крајот на 2020 година. А доколку не ги спроведевме овие мерки, според нашите проекции БДП би бил за 8,7% понизок во однос на 2019 година, што значи дека марките кои ги донесовме го постигнаа посакуваниот резултат и со тоа ние како Влада постигнавме значаен успех – кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“ во организација на лондонскиот “Економист“.

Министерот Бектеши говореше на панелот насловен „Фокусирање на економијата“ каде што се осврна на мерките кои што ги превзема Владата за опоравување на економијата но и зголемување на регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.