Министерството за економија ќе предложи да се создаде фонд за туризам со цел пренасочување на средствата од 44 милиони денари и Агенцијата за промовирање на туризмот ќе го дополни фондот со 30 милиони денари. Кога ќе ни бидат доставени штетите на хотелиерите и угостителите тие ќе бидат насочени, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.
Тој исто така истакна дека ќе се предложи забрана за извоз на брашно од Македонија и дека во текот на денот ќе се отвори и бесплатна линија за граѓаните да пријавуваат неправилности.
Во соработка со економсите ресори ќе предлагаме до Владата и од Здружението за заштита на авторските и музички права да ги стават своите побарувања од хотелите и рестораните во мирување од 6 месеци. Како министерство за економија, будно ги следиме сите случувања за узовот и извоз на стоки. На денешната седница предлагаме забрана за извоз на брашно и може да донесеме забрана и за други основни продукти. Сите инспекторати работат 24 часа. Во текот на денот ќе воведеме бесплатна линија, односно кол центар за граѓаните да пријавуваат неправилности – рече Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.