Министерот за економија Крешник Бектеши ја поддржува одлуката на Министерството за финансии со која, како што беше соопштено вчера, за три години се пролонгира воведувањето на прогресивното оданочување.
Не би сакал да невлегувам во детали со оглед дека министерката вчера ја објасни одлуката и ефектите што произлегуваат од прогресивниот данок. Мерката не е укината, само е пролонгирана. Имајќи предвид дека се некои компании, посебно од ИТ индустријата бегаат од земјава, наш интерес е да отвориме што повеќе работни места, истакна Бектеши денеска, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод субвенционирањето на плинските уреди во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.