Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пушташе во употреба нов ски лифт – шестосед на Попова Шапка, кој, како што кажа, ќе им биде на располагање на сите кои ги сакаат зимските снежни активности.
Ние сме убедени дека токму вакви инвестиции ќе привлекуваме туристи, не само од регионот туку и од други држави. Се со цел на директен и индиректен начин да влијаат на економскиот развој на Тетово и регионот, вели Бектеши.
Во меѓувреме, угостителите доставиле и официјално барање до премиерот Зоран Заев за присуство и за, како што наведува НУК, рамноправно учество во официјалното тело кое, согласно потребите, предлага, креира и крои нов пакет мерки за помош и поддршка на економијата.
Министерот за економија денеска немаше време за нив, а иако беше договорена средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи, им било соопштено дека тој не може да присуства на состанокот закажан за попладнево во 14:30 часот, а од неговиот кабинет предложиле да присуствува „заменик на заменикот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.