Министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостување во „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека сите шест пакети мерки коишто ги донесе Владата ќе бидат целосно реализирани, а во наредниот период ќе продолжат со мерки за поддршка на компаниите коишто ќе инвестираат во пост-ковид периодот и ќе отвараат нови работни места и ќе дадат повисоки плати.
Бектеши додаде дека мерка за директна финансиска поддршка за исплата на плати нема да има, со оглед на тоа што скоро сите дејности работат без ограничувања.
Министерот потенцираше дека на почетокот на оваа година реализацијата на првите четири сета мерки била 82% од средствата, но имало одредени законски решенија што биле блокирани во Собранието.
Петтиот пакет се реализира согласно предвидената динамика, а веќе се објавени сите јавни повици од Шестиот сет мерки кој што го донесовме како резултат на одлуката на Владата за целосно затварање на угостителскиоте објекти. Очекувам дека сите компании кои аплицирале за мерките од Шестиот сет и ги исполниле условите за две до три недели ќе ја добијат финансиската поддршка – изјави Бектеши.
Тој информира дека во сите пакети мерки најголема поддршка била за дадена за туристичко-угостителскиот сектор.
Согласно програмата за развој на туризмот, Министертвото за економија го објави јавниот повик за пријавување на хотели кои што се заинтересирани да примат туристи со ваучери, за една недела ќе биде објавен и јавниот повик за граѓаните со ниски приходи да се пријават и да добијат ваучер за туризам. Оваа година ќе бидат 12.000 по домаќинство. Туристичкиот сектор минатата година беше задоволен од моделот за ваучери кога беа затворени границите и немавме странски туристи. Беа искористени 65 илјади ваучери, а во четвртиот сет мерки дополнително ги поддржавме и хотелите и туристичките агенции, со враќање на туристичка такса и со директни грантови – изјави министерот.
Бектеши информираше дека при крај се измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиците кој има за цел да им излезе во пресрет на компаниите кои инвестирале во време на ковид или дополнително ќе инвестираат во пост-ковид периодот.
Ќе ги намалиме критериумите за дополнително компаниите да можат да инвестираат и да создадат нови работни места, а предвидена е мерка за сите кои што ќе ги зголемат платите да има дополнителна поддршка. Предвидена е мерка за инвеститори од дијаспората, наши сограѓани кои што ќе добијат дополнителни 15% финансиска поддршка, Исто така предвидена е финансиска поддршка согласно развиеност на регионите, односно повеќе средства ќе бидат наменети за инвестиции во помалку развиените региони и обратно – изјави Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.