Потрошувачите на парно, зaедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона, порачуваат од БЕГ.

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи – се наведува во соопштението од комапнијата.

Оттаму велат дека со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) –  велат од БЕГ.

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.