Во интервју за телевизија „Клан“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој меѓу останатото осврнувајќи се економскиот криминал посочи дека бара економскиот криминал да не застари и ќе бара да се има увид во потеклото на имотот на политичарите.
Едно од нашите ветувања доколку бидеме поддржани од останатите политички субјекти е економскиот криминал никогаш да не старее без разлика на тоа кој го направил, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека секој што погрешил треба да сноси одговорност.
Мора еднаш засекогаш да се побара отчетност за грешките, и да се сноси одговорност. А тоа е она што ќе им го понудиме на граѓаните, појасни Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.