Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември. 16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини, објави Никица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

Со оваа финансиска инекција, имплементирана преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам, рече тој.

Со имплементацијата на оваа мерка, рече Бачовски, во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници, приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки, угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.