Откако владата се пофали дека ќе интензивира изградбата на автопатот Кичево-Охрид на терен сосема поинаква слика. Екипата на „Република“ беше на лице место и се увери дека таму буквално се стои на место. Нема работници, по некоја машина „дреме“ на горештината и толку.
Од излез Ботун до влез во Издеглавје ни трага ни глас од 700те работници кои треба го градат автопатот Кичево-Охрид. Слична е сликата и низ реонот на Дебарца. Ниту има кран ниту се става асфалт а пак за спојување на мостови и да не говориме.
Со вакво темпо автопатот нема да биде завршен до 2034 а не до 2024 како што гласи новиот рок рок на владата.
Да потсетиме се работи за 60 километри автопат, започнат од претходната власт кој требаше да биде готов во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.