ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000,00 евра од страна на автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.
Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сé со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот COVID-19.
Од компанијата веруваат дека се потребни токму вакви таргетирани акции, сé со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.
Компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот COVID-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.