Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата.

Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

-Имам понуда од претедателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик, рече Атанасов.

Зоран Атанасов беше директор на АХВ од јуни 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.