Заев, Бочварски и Николов да не ја манипулираат јавноста дека ќе градат брана на реката Отиња, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по днешното започнување на изградбата на најголемиот капитален проект за Штип.
Во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се тврди дека власта се уште ги нема решено имотно-правните односи и нема извршено експропријација на земјиштето.
Дали и овој проект треба да заврши како незавршената пруга кон Бугарија? Граѓаните од Штип, сопственици на имот во месноста каде ќе се протега браната, сѐ уште никој не ги контактирал, да ги извести дека на нивниот имот треба да се изгради брана и вештачка акумулација. Ова единствено асоцира на узурпација на приватен имот од страна на државата. Наместо само сликање пред ископи Заев, Бочварски и Николов да објаснат на засегнатите граѓани – кој ќе ги обештети? Зошто Заев, Бочварски и Николов кои имаа време цели 4 години не ја направија браната на Отиња, туку чекаа до пред избори? Ова е уште една лага на Заев која ќе држи до избори. Време е да се стави крај на манипулациите. Време е за Македонија за сите луѓе, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.