Денеска ќе ви приложиме нов договор помеѓу СВ Инвест, фамозната фирма која што работи се и сешто во РЕК Битола и РЕК Битола каде што директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред само 2 недели односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари – истакна денеска на прес-конференција, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата СВ Инвест пред само 2 недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од исто така над 800.000 евра односно 49.560.000 денари. Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи – потенцира Арсовски.
Тој додава дека ова е начинот на работа на СДСМ. Личен интерес, личен профит и сомнителни тендери преку кои се цицаат парите на граѓаните од фирмите како РЕК Битола.
Во претходните 2 тендери кои ги објавивме имаше и сериозен сомнеж за криминал. Требаше да дадат одговори дали се влијаело на менување на критериумите и дали можеби некој влијаел да баш фирмата СВ Инвест ги земи односно и бидат доделени истите тендери. Го охрабруваме јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги. За сите овие работи еден ден ќе се одговара. Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки – вели Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.