Пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ си го вработила синот во ЕЛЕМ, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според Арсовски, Виктор Стојчевски од денес почнал да оди на работа.

Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше ‘хибернирани кретени по улиците на Скопје’ или бил најдобар кандидат оти мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или за отворањето измислени работни места за заменик-директори во јавните претпријатија“, прашува Арсовски.

Тој смета дека власта го скрила ова вработување потенцирајќи дека јавноста треба да знае дали синот на Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ.

 

Уште за колку вработувања на синови, ќерки, браќа и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период? Во сите случаи на непотизам се работи за огромни плати и хонорари над просечните што ги земаат граѓаните“, додава Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во изминатиот период во ЕЛЕМ биле вработени децата на Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.