Немата послушност на Нина Ангеловска и СДСМ кон олигархијата од стопанските комори ќе ги чини многу пари граѓаните. Ние сме единствена држава каде што Владата во моменти на немоќ и очај бидејќи немаат пари, да не речам ги ограбија од граѓаните и државава изминативе 3 години, сега уште еднаш посегнува по и така осиромашениот народ за да проба да пополни нешто малку во1 државниот буџет. Да не речам, да пополни за повторно да имаат да си делат тендери меѓу себе од власта.

Ова го истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во своето видео обраќање.

Неговата анализа ја пренесуваме во продолжение:

Кризата со пандемијата од Ковид-19 многу брзо се прелеа во економска криза од која сакаат да профитираат олигарсите на СДСМ и нивното раководство, нормално на грбот на граѓаните.

Со првиот бран на поскапување на акциза од 3 денари што го воведе изминативе години СДСМ граѓаните прилично осиромашија, животниот стандард, транспортот и цените поскапеа, само функционерите на СДСМ се богатеа. Сега би сакал една кратка анализа што ќе се случи повторно со цените и поскапувањето и тоа директно ќе се одрази на животот на граѓаните. Претпоставките кои ќе станат реалност кога ќе се покачи акцизата за 2 денари, велат дека конкретно во патниот транспорт, прашање на време е колку брзо ќе се покачат цените на билетите за меѓуградскиот превоз, но и на такси компаниите.

Ако еден повратен билет Скопје-Берово чини сега 730 денари, постои можност да се покачи над 800 денари. Во просек нека биде 70 денари поскапувањето. Ако едно семејство од Берово има 2ца студенти во Скопје, кои треба да се вратат секој викенд во Берово, имајте на ум дека едно семејство покачувањето на акцизата ќе го чини 600 денари повеќе секој месец со поскапување на акцизата. Дополнително со претходното покачување акциза од 3 денари цената на билетот скокна и тоа значење околу 1000 денари повеќе трошок за секое семејство, сега веќе се 1600 денари месечно или над 19.000 денари годишно едно семејство плаќа за поскапувањето на акцизите.

Истото ќе се случува и со билетите за другите градови како Струмиц, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, градови за кои постои можност да се поскапат билетите и повеќе од 100 денари затоа што дополнително што одредени патни делници ќе добијат и нови патарини, но и покачени. Ист е и примерот со месечниот билет Скопје-Куманово и Скопје-Тетово кои сега чинат 3000 денари, постои реална можност и намера да поскапат 500 денари односно 3500. Тоа значи дека доколку од едно кумановско или тетовско семејство патуваат тројца членови од семејството во Скопје секој ден на работа или школо, едно семејство заради покачување на акцизата ќе има дополнителни 1500 денари месечно трошоци, или годишно тоа е над 18.000 денари само од покачувањето на акцизата за 2 денари.

Дупката во Буџетот која ја остави СДСМ сега сака да ја надополните преку осиромашениот народ, додека пак функционерите на СДСМ и семејството Заеви се богатат. Не ни е потребна уште една транзициона олигархија, нам ни е потребно стабилна економија и вистински економски мерки. Ова не е мерка, ова е осиромашување. Наместо реални мерки и задржување на работните места, односно да не се отпуштат принудно над 160.000 граѓани, ние гледаме од СДСМ осиромашување на граѓаните. Затоа граѓаните ќе имаат можност да одберат дали нови работни места и стабилна економија или дополнително осиромашување на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.