Во вечерашното издание на дебатната емисија „24 анализа“ на ТВ „24“, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој заедно со министерот Бектеши и Азири од Алијанса за Албанците зборуваше за ребалансот на буџетот, како и штетните политики кои владата под палка на СДСМ ги донесува изминатите речиси четири години.

Арсовски укажа на фактот дека Владата троши народни пари да ги исплати СЈО како институција која веќе не постои, а нема пари за 40.000 ученици кои немаат услови за следење на наставата, односно немаат лаптоп преку кој ќе можат секојдневно да учествуваат во образовниот процес.

СЈО одамна не постои, а Владата исплаќа над 4 милиони евра за плати на институцијата која долго време не е во функција. 40.000 ученици треба да следат онлајн настава, а голем дел од нив немаат лаптоп или таблет за да можат да учат. Наместо државата да вложува во најмладите и во нивната иднина, државата исплаќа онаму каде што најверојатно нешто должи поради одредена услуга. Парите кои се потрошија за ваучери преку кои се правеше поткуп се потрошија, а народот не виде ништо од нив, затоа што тоа се нивни пари со кои Владата дрско манипулира. Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата – вели Арсовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.