Неколку дена има целосен молк за сомнежот за испумпање на пари од универзалниот снабдувач на струја преку струмичка компанија за обезбедување поради што граѓаните ќе плаќаат многу поскапа електрична енергија.Поскапата струја значи повисоки приходи за универзалниот снабдувач и повеќе пари за струмичката фирма односно агенција за обезбедување, преку која што парите стигаат кај семејството Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Фактите до сега говорат дека само за обезбедување струмичката агенција добила 17 милиони евра само од универзалниот снабдувач, а вкупно 21 милион евра од универзалниот снабдувач и државата заедно. Ако некој се сомнева зошто се плаќа повисока цена на струја треба да се знае дека се работи за бизнис интереси на власта и на семејството Заеви. А, денес откриваме нови детали.
Порано универзалниот снабдувач плаќал помали суми за услуги кои сега струмичката фирма ги плаќа во милионски износ повеќе. Деталите се следни:
Агенцијата за обезбедување чиј газда е струмичанец, и преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат пари за семејството Заеви, е фирмата која го склучила најголемиот договор од видот услуги со универзалниот снабдувач со струја, во последните неколку години. Имено договорот склучен на 28.06.2019 година, е со висина од 12 милиони евра.
Што обезбедува оваа струмичка агенција за обезбедување, па за истото треба да треба да и се исплатат 12 милиони евра, ако се знае дека истата претходно извршувала сличен вид на услуги кои ги добивала преку три тендерски постапки и тоа на 16.03.2018 година, договор во висина од 800 илјади евра, на 30.04.2018 година, договор во висина од 1 милион и 800 илјади евра, и договор склучен на 22.02.2019 година во висина од 2.5 милиони евра, сите три за услуги за обезбедување и тоа вкупно за 5 милиони евра?!
Што се сменило во 2019 година, за разлика од 2018 година па истите услуги се платени повеќе од двојно поскапо?!
Дали станува збор за покачена маржа од која профит треба да има некој од власта, или за нешто друго?! Треба да одговорат институциите.
Дали разликата во маржи завршува директно кај семејството Заеви?!
И ова треба да биде предмет на испитување и да се докаже.
Граѓаните очекуваат одговори, затоа што ова се нивни пари, кои тие ги плаќаат преку сметките за струја, а поради кои сега имаме и покачување на цената на електричната енергија.
Дали покачената цена на електричната енергија е резултат на зголемената маржа на универзалниот снабдувач кон оваа струмичка агенција за обезбедување или допрва следуваат нови испумпувања на пари од контото на истиот овој универзален снабдувач?!
Ќе видиме како ќе се одвива, и тоа треба да биде исто така предмет на следење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.