Не им сметаше кога секое гранапче и мало фирмиче што едвај преживуваат, ги етикетираа како „големи газди“ за да ги линчуваат, а веднаш скокнаа на зборот ОЛИГАРХИЈА истите тие што ја приватизираа Македонија, реагира остро Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.
Таа пред неколку дена јавно се спротивстави на предлогот за зголемување на акцизата на горивата.
Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство, а во интерес на 2-3 фирми што се олигопол во државата. Само напред далеку ќе стигнете! Државна помош – акциа во криза, порача Арсовска.
Денеска им порача дека ако им пречи вистината, приватизираните фабрики и компании што постоеа децении пред нив, слободно нека ги вратат на државата и граѓаните од кај што ги земаа.
Мислам така ќе се реши проблемов? Онака солидарно, коментира претседателската на ССКМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.