Сојузот на стопански комори на Македонија, иницира продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, итно за дополнителни два месеци.
Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината“ вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. Согласно анализите на Сојузот, голем број претпријатија се сериозно засегнати од кризата, а дел немаат воопшто никакви приходи за да ги покријат основните месечни трошоци, вели Арсовска.
Според Арсовска на приватниот сектор му е неопходна институционална поддршка за да се овозможи економијата да биде во континуирано движење. Иницијативата на Сојузот, официјално е доставена и до Владата за итно разгледување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.