Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска реагира на предлогот за зголемување на акцизата на горивата.
Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство, а во интерес на 2-3 фирми што се олигопол во државата. Само напред далеку ќе стигнете! Државна помош – акциа во криза, порача Арсовска.
Претходно Сојузот на стопански комори преку соопштение реагираше дека ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги.
Мерка која е во корист на две-три фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена, порачаа од таму.
Бурно реагираа и граѓаните:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.