Бројката од 21.000 работници на кои не им е исплатена плата за април месец е многу сериозен податок дека македонските претпријатија се соочуваат со серозни проблеми со ликвидноста на фирмите, рече вечерва претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија. Додаде и дека доколку државата не интервенира соодветно и навремено, бројките на неисплатени плати на работнници наредниот месец ќе биде уште поголеми.
Податокот дека на 21.000 работници не им е исплатена плата е сериозен сигнал дека компаниите, односно претпријатијата се соочуваат со проблеми со ликвидноста. Толкава брока да немаат исплатено во овој месец кој што помина, сега сме јуни месец, а ние зборуваме за неисплатени плати за април месец, тоа е веќе два месеци кои се евидентни показателите дека компаниите имаат навистина големи проблеми со ликвидноста. Доколку не се реагира соодветно, навремено, веруваме во следниот месец, податоците кои што ќе треба да се презентираат ќе бидат уште посериозни, рече Арсовска.
Таа додаде дека поради тоа, најважното нешто на кое што тие, како Сојуз на спопански комори, апелирааат во кунтинуитет е дека на претпријатијата и на сите чинители на економијата им е потребна предвидливост.
Тоа најнапред значи дека на секој еден кој што работи, живее во приватниот сектор му е потребно да знае што носи утрешниот ден како тој би можел да ги пресмета своите загуби и да знае што да прави со себе, со своето семејство, со своето претпријатие, со своите вработени во наредните месеци, појасни Арсовска во „Економски магазин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.