Македонска делегација составена од НЕ Александар Поповски, в.д. Амбасадор на РС Македонија во Република Србија, г-дин Љупчо Јаневски, Директор на АППТ и г-дин Константин Георгиески, Градоначалник на општина Охрид денес се во официјална посета на Домот на Народното Собрание на Република Србија, Собранието на град Белград и Министерството за туризам, трговија и телокомуникации.

За време на официјалните средби се отпочнаа и преговорите за враќање на редовната авионска линија Белград- Охрид – Белград, која пред повеќе од 2 децении била со фрекфенција два пати дневно, додека сега преговорите се водат за два пати неделно. Ова ќе значи и зајакнување на соработката помеѓу овие две земји, што во овој период е повеќе од важна затоа што економиите, а посебно туризмот, се потпира на регионалната соработка и размена.
Оваа конекција е резултат на детектираниот, голем интерес, од страна на српските државјани за посета на Охрид, како и на обратно, со оглед на фактот дека РС Македонија е константно помеѓу првите 5 туристички пазари кон кои цели со промоција Р Србија, а истото тоа се однесува и за РС Македонија. Во оваа насока, бројот на туристи од РС Македонија кои ја посетиле Р Србија во 2019та година пораснал за 11% во споредба со 2018та година, додека во првиот квартал за 2021 во споредба со истот период 2020 година бројот на македонски туристи во Р Србија претставува 7.7% од вкупниот број на туристи во државата. Од друга страна, ситуацијата и со РС Македонија е иста, односно бројот на српски туристи во РС Македонија во 2019 година е во сличен, дури и поголем раст во споредба со претходната година.

Зголемена промоција и лансирање на нов, заеднички туристички производ, е темата на која Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски дополнително дискутираше со г-а Марија Лабовиќ, Директор на Националната туристичка организација на Србија, со што уште повеќе би се зајакнала соработката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.