Пократкото работно време би имало низа погодности за работниците и работодавците, а светот би требало да ја прифати 4-дневната работна недела.
Тоа го порачале психологот Адам Грант и економистот и историчар Рутгер Брегман на Светскиот економски форум во Давос.
Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето подобро и поефикасно ќе го насочат своето внимание, па ќе направат исто колку и за подолго работно време, а тоа често ќе биде поквалитетно и покреативно. Исто така ќе бидат и полојални кон организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност за да се грижат за својот живот надвор од работа, рекол Адам Грант, психолог од Вортон институтот при Универзитетот во Пенсилванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.