Професорот Димитар Апасиев жестоко ја нападна Владата за најновата одлука пензионерите, вработените, луѓе со други приходи или тие што немаат лиценца да не можат да продаваат овошје и зеленчук на пазарите.
Имаш 11.000 пензија. Имаш и мала бавчичка која ти раѓа патлиџани. Ама ти нема да смееш да си ги продадеш на пазарче, оти на некој шупак од ДУИ му текнало да предложи таков Закон!!! А во меѓувреме, Зелената мафија на прекупците од Кванташки нека ќари од потта на ситните земјоделци. Вие сте тотално луди луѓе! Вас ви нема спас. И затоа ќе си го добиете. Ама жестоко, порача Апасиев.
Тој меѓу другото ги прозва и побара одговори од премиерот и министерката за труд и социјала, но и советникот на министерот за финансии Бранимир Јовановиќ и пратеникот Павле Богоевски, негови некогашни „шарени соборци“.
Баш би сакал другар ми Бранимир Јовановиќ да ни објасни како тоа СИРОМАШНИТЕ добиваат од овој Закон!? А, може да се убаци и благоглаголивиот портрпарол Миле Бошњаковски. Пренесете му на премиерот Зоран Заев, дека со овој налудничав потег на ИЛЈАДНИЦИ СИРОМАШНИ НАШИ СОГРАЃАНИ ќе им ја секнете секоја можност за дополнителна легална заработка, како и можноста за самостоен излез од мизеријата во која се напикани не по нивна вина. Најчесто продавачи се стечајците и пензионерите, кои едвај крпат крај со крај. И конечно, еве да ви кажам како професор по право, овој антисиромашен закон е спротивен на Уставот и истиот ќе биде оспорен пред Уставен суд. Се надевам дека тогаш нема да биде 7:2 у гласови кај карикатурите од судии. Јаз’к да ви е!!! Ова НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО! Мила Царовска ќе бекнеш нешто ко министерка за социјала или од ДУИ ти немаат дадено дозвола? Да не ви се растури коалицијата, ЌУТЕТЕ СИ – ДУПЕТЕ СИ! Павле Богоевски, ти бе копук си чул ли нешто за ова или ќе се праиш на Тошо до крај на мандат коа се у прашање сиромашните?, праша професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.