Професорот Димитар Апасиев гневен по последните законски измени предложени од страна на министерката за труд и социјала Мила Царовска со кои се зголемува платата на вицепремиерите. Имено тој посочува дека Царовска наместо да го смени погубниот закон за пазарџиите им ги зголемува платите на своите колеги министри.

Министерката Мила Царовска наместо да предложи закон за измена на законот за пазарџиите, предлага закон за зголемување на платите на вицепремиерите!? Тоа е таа „социјална политика“ , #ВиеСтеЛудаци, коментира Апасиев на Фејсбук.

Левица, каде што Апасиев е член на Презедиумот, остро регира за почетокот на примената на новиот Закон за трговија на зелените пазари предложен од владејачката коалиција на ДУИ и СДСМ.

Со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на Република Македонија. Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата, соопштија од владината прес- служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.