Македонија е длабоко навлезена во енергетската криза и не е во можност да се справи со предизвиците и последиците предизвикани од кризата. Електроенергетскиот систем на Македонија треба да гарантира сигурно и доверливо снабдување на електрична енергија до своите потрошувачи. За жал, Владата на Македонија и раководството на АД ЕСМ успеаа за само четири години да ги уништат нашите производствени капацитети кои се сега далеку под нивото на своите производствени можности, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Антовски:

Македонија е длабоко навлезена во енергетската криза и не е во можност да се справи со предизвиците и последиците предизвикани од кризата. Електроенергетскиот систем на Македонија треба да гарантира сигурно и доверливо снабдување на електрична енергија до своите потрошувачи. За жал, Владата на Македонија и раководството на АД ЕСМ успеаа за само четири години да ги уништат нашите производствени капацитети кои се сега далеку под нивото на своите производствени можности.

Според Законот за Енергетика донесен во 2018 година, АД ЕСМ има законска обврска за 2022 година да обезбеди минимум 60% од потребите на ЕВН ХОМЕ за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. АД ЕЛЕМ не се пријави и на третиот тендер објавен од страна на ЕВН ХОМЕ. Наместо АД ЕСМ да ги исполни своите законски обврски и да гарантира сигурно снабдување со електрична енергија, ние денес имаме пропадната и банкротирана компанија која произведува милионски загуби кои ги плаќаме ние граѓаните од Буџетот на Македонија. Наместо успешно справување со енергетската криза и зголемување на сопственото производство, денес сме сведоци на скапите набавки на струја од надвор и по цени од 350 евра за MWh,иако производната цена на АД ЕСМ, кога би имало јаглен во термоцентралите и вода во акумулациите на хидроцентралите, би била околу 55 евра за MWh.

Зошто АД ЕСМ не учествува на тендерите на ЕВН ХОМЕ за набавка на електрична енергија?

Дали енормно ниската понуда на електрична енергија на ЕСМ кон ЕВН ХОМЕ по цена од 36.1 евро за MWh која што е далеку под производната цена им се удри од глава на СДС?

Причините се кријат во лошото менаџирање на оваа компанија, поради што акумулациите се на минимум, па хидроцентралите не се во можност да го произведуваат потребното количество на електрична енергија. РЕК Битола е во постојани хаварии и дефекти. Ископ на јаглен во рудниците речиси и да нема, дневно се копа колку за потребите на половина блок. Наместо да се копаше јаглен пролетта и летото, тие договараа тендери со фирми блиски на СДС,за денес да нẻ замајуваат со научнофантастични приказни за набавка на јаглен од надвор.

Затоа АД ЕСМ не учествува на тендерите на ЕВХ ХОМЕ, бидејќи не се во можност да произведуваат, незнаат колкави количини на електрична енергија можат да произведат и по која цена да ги понудат на тендерот на ЕВН ХОМЕ.
Како последица на тоа,Владата на Македонија прогласи кризна состојба во енергетиката во траење од еден месец со што се префрлија 65 милиони евра на АД ЕСМ за да ги покрие нивните загуби, за да може ЕСМ да се раздолжи и кон МЕПСО. Сега ќе имаме продолжување на кризната состојба за нови шест месеци. Уште колку милиони евра ќе треба да плаќаме ние граѓаните за да ги покриеме загубите на државните енергетски компании.

Колку милиони евра ќе не чини ова недомаќинско и криминално владеење на Владата на СДС?
Од 1-ви јануари дефинитивно не очекува ново поскапување на струјата.

Најпрво, во 2020 година ја поскапеа струјата за 7.4%, потоа следеше ново поскапување на струјата во 2021 година од скоро 20%, успешно го замаскираа со намалувањето на ДДВ-то на 5%.

Новогодишната честитка од Владата за граѓаните е спремна, ќе имаме ново трето покачување на цената на струјата!

Покрај енергетската криза, денес се соочуваме со здравствена и економска криза. Оваа Влада предводена од СДС е само бензин во огнот и треба што поскоро да си замине. Народот на локалните избори им даде црвен картон и секое понатамошно нивно останување на власт е само на штета на државата.

Време е за промени, за нови и чесни политичари кои што знаат и умеат како да се справат со проблемите, време е за итни предвремени парламентарни избори и справување со кризните состојби, порача Антовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.