Антикорупциската комисија работи врз предмет на владините прв сет мерки како помош за компаниите погодени од корона кризата, меѓу кои е и онаа што ја доби компанијата во која како ко – сопственик се јавува сега веќе екс министерката за финансии Нина Ангеловска, објави Радио Слободна Европа.

Вкупно 11 илјади евра за три месеци државата ѝ исплатила помош за исплата на плати на фирмата Вебспот ДОО, покажуваат податоците од алатката за транспарентност „Отворени финансии“. Но, вниманието на јавноста кон оваа фирма го привлече податокот дека еден од сопствениците на оваа компанија е довчерашната министерка за финансии во владата на СДСМ Нина Ангелевска која се грижеше за распределбата на државниот буџет, пишува РСЕ.

Според податоците од Централниот регистар, Ангеловска во оваа компанија фигурира како еден од тројцата сопственици и основачи на платформата за он лајн трговија – групер.мк со учество во основачкиот влог од 2.600 евра.

Од компанијата Вебспот, за РСЕ, велат дека фирмата секогаш работела согласно со законските прописи. Оттаму велат дека тој принцип на работење го запазиле и во врска со примената на мерката за исплата на плати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.