Мнозинството граѓани се против одлуката за поскапување на струјата, забележуваат дека во услови на криза цената треба да се намали, а не да се зголемува, покажува анкетата која ја во центарот на Скопје ја спроведе порталот Инфомакс.

Дел од граѓаните забележуваат дека не е порасната само цената на струјата туку на сите производи како што се лековите. Мнозинството од анкетираните велат дека излегле на некој од протестите против поскапувањето на струјата, но за жал велат дека тоа нема многу да помогне бидејќи власта не го слуша народот.

Кај граѓаните владее општа апатија бидејќи поголемиот дел од граѓаните сметаат дека власта не го слуша гласот на сопствениот народ.

Сепак најмногу внимание привлече тажната приказна на еден млад скопјанец кој се грижи за својот болен татко. Тој бил вработен во угостителскиот сектор како келнер, но по корона кризата останал без работа. Сега тој работи како магационер посочувајќи дека зема плата од 10 илјади денари што е за 4 илјади помалку од загарантираната минимална плата од 14 илјади денари. Тој во разговор со Инфомакс посочи дека кај него дома веќе неколку месеци нема струја бидејќи тој не може да си дозволи да ја плаќа, а власта ја праша што тој ќе прави за време на полициски час 8 часа без струја затворен во 4 ѕида со својот болен татко?

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.