Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да плаќа отштета на Еуромакс ресурси откако со одлука на Владата еднострано беше раскинат договорот со компанијата за рудникот Иловица рече дека Владата не планира да плаќа отштета.
Не би можеле да зборуваме за никаква отштета бидејќи ако Владата го раскинала договорот цени дека имала право на тоа, така што не планира да плаќа обештететување ако имала право. Тоа е проценката, изјави Кочо Анѓушев.
По ова следуваше прашање за тоа каква порака се испраќа до инвеститорите со овој случај,
Сите обврски што ги презела државата во договорите со инвеститорите ги исполнила. Не постои договор во којшто државата се обврзала дека ќе исполни обврска и договор којшто е неисполнет, наведе Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.