Добро е што државата се обидува да набави јаглен за РЕК Битола, коментира за „Фактор“ Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“ и поранешен вицепремиер за економски прашања. Анѓушев потенцира дека ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред сè во Европа, е многу сериозна, a pоследиците за Македонија не можат да се предвидат, како што сосем е неизвесно и како ќе се реши ситуациајата на глобалниот пазар.

Очекувa сигурно поскапување на електричната енергија во земјава во следниот период, иако, според неговите прогнози, можно е берзанските цени и да се намалуваат во следниот период, никогаш до ниво од пред кризата.

Македонија е мала и небитна. Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа. Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа, и тоа се последиците кои ќе ги дели и Македонија. А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40 отсто, некаде е пет отсто. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи, вели Анѓушев во разговор за „Фактор“.

Целиот разговор тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.