Мислам дека е многу несериозно за таква сериозна компанија да се прави дневна политика, изјави денеска вицепремиерот, Кочо Анѓушев, за неофицијалните информации дека е донесена одлука германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ својата нова фабрика да ја отвори во Србија.

Анѓушев денеска изјави дека не може да потврди, но дека не може ниту да одрече ништо во врска со тоа.

Тоа ја надминува бизнис етиката. Инвестиција се објавува кога инвеститорот ќе донесе одлука. Моите сознанија се дека се уште ја разгледуваат можноста за отворање на фабрика во Југоисточна Европа. Она што со сигурност можам да кажам е дека одлука за Србија не е донесена – рече Анѓушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.