Квотите за увоз на челик и алуминиум што ги воведува Европската Унија не се очекува значително да влијаат врз македонската индустрија. Од Владата велат дека може нема да има спектакуларен раст, но оти нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера на гостувањето во емисијата „Топ тема“ изјави дека квотите што ги воведува Европската Унија се со цел да го заштити своето стопанство од нелојалната конкуренција и оти тоа нема да предизвика пад на македонската економија. Појасни дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува на просекот од последните три години, да се додадат дополнително пет отсто. Тука, вели Анѓушев, не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти.
Според Анѓушев, најпогоден би бил „Макстил“ бидејќи изминатите години за компанијата биле „лоши“ и поради тоа ќе мора да извезува толкава количина.
Поради квотите за извоз на челик и алуминиум, неколку македонските фабрики се пожалија дека им се ограничени можностите за пласман и оти дека ќе бидат принудени да ги испратат работниците на принуден одмор.
Вицепремиерот за евроспки прашања Бујар Османи на брифингот со новинарите во неделата потв45дид едка е пристигната формалана нота од Европската комисија, според која, од идната година за македонските компании ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ.
Спорeд Европската комисија, откако ќе се исполнат квотите за увоз на челик и алуминум, царината ќе се зголеми за 25 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.