Ниту јас лично, ниту компанијата „Брако”, ниту која било друга моја компанија увезла во оваа држава каков било нафтен дериват, изјави поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој ги демантираше обвинувањата во документарецот „Заговор против воздухот“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со отровниот мазут кој бил внесуван во Македонија.

Не го отфрлам фактот дека Брако троши мазут, троши околу 20 тони месечно, кој е купен од домашен пазар. За количината на мазут која „Брако“ ја користи, не може да се увезе од надвор – рече Анѓушев.

Тој рече дека имал средба со претставник на босанската фирма „Хифа оил“ преку која маслото по потекло од „Унипетрол“ од Чешка, во земјава го увезувала „Евротим ГДС“ од Кичево. На оваа средба за која Анѓушев вели дека била во владата и не била тајна, како што наведува ИРЛ, бил и Илија Стрезовски од кичевската фирма, но како што вели бил претставен како соработник од Македонија.

Средбата не беше тајна, се случи во попладневните часови во Владата, за што има и во агендата и има и видео од неа. На таа средба зборуваме за учество на нашата земја на саем во Тешањ. Немаше ни м од мазут – рече Анѓушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.