Најавивме дека ќе ја разгледаме иницијативата за одложување на оданочувањето на капиталните добивки, но тоа не значи дека тоа автоматски ќе се случи, туку со тоа се покажува волја да се разгледа издржаноста на барањето – изјави денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Тоа според мене е добра волја да се разгледа дали иницијативата е издражана. Со конкретна одлука ќе излеземе наскоро, а секоја одлука ќе биде базирана на анализа на податоци и секако ќе биде во насока на најдоброто во интерес и на граѓаните и на реалниот сектор. Последниот збор ќе го дадат податоците, а пред фактите и боговите молчат – изјави Ангеловска.
Таа рече дека неделава ќе се сретне со претставници на Македонска берза и Комисијата за хартии од вредност кои се иницијатори за одложувањето.
Даноци не се воведуваат за да се воведат, туку за да се операционализираат и да се има добар план за ефикасна наплата. Ако е мерка за да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, сметам дека треба да се даночат, зборуваме само за капиталните добивки од остварен приход од продажба на хартии од вредност. Треба да имаме предвид и како тоа решение ќе се имплементира во практика, која цена ќе се земе за продажна и стекната – рече Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.