Нина Ангеловска при своето гостување на „Отворено студио“ јасно покажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

Единствената правична разумна причина и праведно гледање на работите е следното, не се работи на намалување во услови на криза обична. Се работи за намалување во услови кога, како ја добиваме сите платата, кога продуцираме и одиме на работа. И не плаќаат за сработеното, добиваме надомест, за тоа што сме го придонеле. Во ситуација кога половина месец не се работеше, не се одеше на работа, дел поради рестриктивните мерки, дел поради тоа што ротираше администрацијата со секој еден ден, во услови кога е намалена потрошувачката поради не трошење на услуги, не користите возило. Во услови кога не плаќате кредити бидејќи истите ви се одложени. Еден сосема поинаков контекст кој што не може да се спореди со било која друга криза каде што би рекле ние ќе се стимулира приватна потрошувачка, нагласи Ангеловска.

Ангеловска додаде дека администрацијата нема каде да ги потроши парите, тоа е едниот аспект поради кој треба да им се намали платата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.