Министерката за финансии Нина Ангеловска демантира дека забранила комуникација со дополнителната заменик-министерка во Финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Министерството за финансии излезе со демант. Велат нема никаква забранета комуникација, туку тоа е дел од Процедурите за работа.
Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа, согласно кои вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел, стои во демантот од финансии.
Додека траеја преписките пак Ангеловска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со Кочоска, од како што вели „првичниот состанок за добредојде“. Кочоска исто на „Фејсбук“ и врати на Ангеловска.
Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. А верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат, вели на Димитриеска-Кочоска.
Согласно Пржинскиот договор, дополнителните заменици-министри кои се од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат врзан потпис со министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.