Членот на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Андовски во своето гостување во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24 истакна дека старо-новата Влада ги измами граѓаните со покачувањето на струјата, бидејќи истото се случи по предвремените парламентарни избори, во вакум период кога уште со државата раководеше техничката Влада со намалени ингеренции.

Тој посочи дека протестите во организација на ВМРО-ДПМНЕ се навремени и вистински одговор на однесувањето на власт кон граѓаните. Според него улицата е единствен начин на кој власта ќе го чуе гласот на народот.

Моментот за овие протести е вистински. Донесената одлука за покачување на струјата од 7,4 проценти е донесена во брзо време во период вакум кога немаме извршна власта и веднаш потоа ние се одлучивме да го искажеме нашиот револт за оваа одлука. И преку протестите кои ги организираме граѓаните исто така да можат да го искажат својот револт за покачувањетто на струјата од цели 7,4 проценти. Одлуката за овие протести е исправна и во вистинско време затоа што редно е да се реагира на старо-новата власт на единствениот начин на кој што мислиме дека тие ќе го чујат гласот на народот. На овие протести кои се одржаа минатата недела, нели имавме два протеста. На првиот протест говореше претседателот Христијан Мицкоски и искажа три барања. Првото барање е да се врати старата цена на струјата, второто барање е да сноси одговорност целокупната Регулаторна комисија за енергетика, бидејќи според нас овие одлуки се партиски мотивирани за тоа има многу докази кои ќе ги изнесам и не само тие докази туку ова е чиста политичка манипулација – вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.