Македонија има најевтина храна и безалкохолни пијалоци споредено со останатите европски држави, покажува европската статистика.
Според анализата на Еуростат, лани прехранбените продукти во земјава се продавале за околу 35 проценти поевтино од нивната просечна цена во државите од Европската Унија. По најниски европски цени се продаваат млечните производи, овошјето и зеленчукот, како и месото и рибата.
Во зависност од тоа какво месо или риба консумираат, граѓаните имаат различно мислење околу цените. За некои, пак, квалитетот е поважен од цената.
Повисоки цени на прехранбените продукти има во сите држави од соседството. Освен Македонија, меѓу земјите со најевтина храна и безалкохолни пијалаци се и Романија, Полска и Турција. Најскапа е храната во Норвешка и Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.