Опозициската „Алтернатива“ го обвини новиот директор на Македонски железници Транспорт, Аднан Азизи од Движењето Беса, дека од 31 вработен ангажиран со договор за вработување, отпуштил 21 Албанец, а задржал на работа 10 Македонци.

Само овие информации се доволни за да се разбере кому му служи овој човек и на која агенда е посветен. Ние, како политичка партија, го познаваме многу добро антиалбанскиот и одмазднички потенцијал на овој заробен директор и на таа партија, која е веќе претопена во СДСМ, но сакаме да ја прашаме Владата како може да дозволи во време на пандемија и економска криза, како и во екот на зимата, да избркаат од работа вработени само затоа што се Албанци? Во оваа насока, сакаме да објасниме дека додека Алтернатива раководеше со ова претпријатие, бројот на Албанците од 1 процент (или 11 Албанци), колку што најдовме во 2018 година, се зголеми на 9 проценти (или 82 Албанци) во 2020 година. Дури, процентот на Албанците на раководните позиции беше 0 проценти кога ние почнавме да раководиме со ова претпријатие, додека кога заминавме оставивме 28 проценти Албанци на раководни позиции, се вели во партиското соопштение.

Според Алтернатива, ова е доказ дека „сè уште има слуги од т.н. албански партии, кои доаѓаат на власт за да им се одмаздат на Албанците и да им служат на Македонците”.

Од партијата ги повикаа сите Албанци кои се отпуштени од работа да бидат трпеливи.

Во првиот момент кога ќе се вратиме на власт – а околностите велат дека тоа ќе се случи многу брзо – тие ќе бидат вратени на работа и Албанците, но и никој друг, нема повеќе да бидат отпуштени од работа само затоа што припаѓаат на одредена етничка заедница или политичка партија, се вели на крајот од соопштението на партијата Алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.