Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива реагира на поскапувањето на цената на електричната енергија.

За жал, дури и во време на пандемија, владата преку регулаторните тела донесува одлуки со кои ги штити монополите и олигополите, додека постојано ја влошува состојбата на граѓаните! Повеќе од иритирачки е фактот што нашата држава сè уште игра со судбината на своите граѓани! Зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4% е драстично зголемување што не би се оправдало дури и во нормални времиња, а уште помалку може да се оправда во услови на криза кога граѓаните имаат намалени приходи. Наместо да им помагаат на граѓаните, тие се повеќе се соочуваат со дополнителни трошоци. Образложението дека ова зголемување се должи на намалените приходи во овој сектор е скандалозно, бидејќи граѓаните платиле и продолжуваат да плаќаат сметки за електрична енергија дури и во услови на криза без никакви разлики, се вели во соопштението.

Коалицијата АА-ААА бара итно повлекување на одлуката на Регулаторната комисија и нагласува дека државата има обврска да им помогне на граѓаните наместо да ги оптоварува со неосновани поскапувања.

Како земја што се стреми кон Европската унија, ние имаме обврска да се однесуваме во европски дух и да се прилагодиме на европските практики кои секогаш го ставаат Граѓанинот на прво место. Во овој поглед, коалицијата АА-ААА бара цената на електричната енергија да се намали за 20% минимум, со цел да се олесни состојбата на граѓаните додека не се надмине пандемијата, а исто така да се разгледа и индустриската тарифа за деловните субјекти. Ние како коалиција сме подготвени да ги поддржиме граѓаните по секоја цена и целосно ги поддржуваме нивните барања, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.