Ако до пред пандемијата Грција беше најатрактивна дестинација за патување за Македонците, од минатото лето почна да се менува трендот. Според туристичките работници и ова лето Албанија ќе биде хит дестинација за одмор. За тоа има повеќе причини: од условите за влез во земјата, ефтините арамжмани и цени во рестораните до прекрасната природа на Јонското крајбрежје од која биле воодушевени туристите според кажувањата на туристичките работници.

Најбарана и посетена е Албанија по број на туристи, Минатата година најмногу отпатуваа таму. 70% пак ќе одат таму поради понудата што ја добија. Ако гледаме на цени во Албанија може да си сместен во апартман сите три оброци појадок, ручек , вечера ги имаш во ресторан и пак поефтино поминуваш отколку во Грција, истакна Аркан Керим, за TV 21

Ги негираат шпекулациите дека при влез во Грција треба да се напише во порака каде ќе се престојува и кои плажи ќе се посетуваат, ниту пак се плаќа дополнително за одржување по Ковид стандарди, а цените се непроменети. Маски се носат на отворено, но не и на плажа.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.