Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва се обрати пред штипјани на одбележувањето на 29-годишнината од формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, меѓу другото зборуваше и за состојбата во земјоделството. Пред штипјани Мицкоски рече дека секој знае дека оваа година во Македонија економска година, дека сме лидери во напредокот, дека платите и пензиите растат, а земјоделците се среќни и инвестиции има скоро секој ден најмалку по една, а некогаш и по две дневно само во розовите очила на Зоран Заев.
Во изминативе три дена поминав илјада километри низ нашата земја. Се видов со стотици сограѓани, и ќе ви кажам еден личен впечаток: состојбата е алармантна, а народот гладен и истоштен. Разочаран. Разочарувањата доаѓаат зашто, сепак, нашиот народ имаше надеж, која сега е изневерена. Не сретнав среќно лице, задоволен човек. Нема ниту едно задоволно лице, а тоа е така зошто реалноста е сурова. Зошто сиромаштијата е голема, рече Мицкоски.
Тој раскажа за средбите со земјоделците-оризари во Долни Подлог, кои биле измамени за субвенции и откупна цена, а производството отишло кај локални шерифи.
Вчера во Долни Подлог се сретнав со измамените оризопроизводители. Им ветувале субвенции, ги лажеле, им ветувале сигурна откупна цена и за тоа ги излажале. Производството отишло кај локалните шерифи блиски на власта за да им ја злоупотребат маката и да се богатат на нивниот грб. Еден шеесетгодишен човек со растреперен глас вели ние сме последните кои се занимаат со земјоделие во Македонија, немаме ни за леб, а камо ли да заработиме за нешто. Ни ја земаа храната од уста. А ако кренеме глава, ќе не прогласат или за криминалци или за поддржувачи на опозицијата. Тоа е таа демократска власт на несудениот нобеловец Зоран Заев, кој додека ги угнетува земјоделците, не ги остава ниту да се побунат против неправдите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.