Министерството за економија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на следната недела ќе изврши увид во документацијата со која се докажува дека се усполнети условите за увоз на икра и материјал за порибување што е доставена од Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово и ќе изврши контрола на терен, по што доколку се утврди дека се отстранети недоследностите во согласност на законската регулатива, ќе донесе одлука за да се дозволи увоз на икра и материјал за порибување од Косово.
Министерот за трговија и индустрија на Косово Ендрит Шала денеска испрати писмо до министерот за економија Крешник Бектеши со кое го информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово веќе ја испратила потребната документација до Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија (АХВ) со кои се докажува дека се усполнети условите за увоз на икра и материјал за порибување, информира Министерството за економија.
На состанокот помеѓу двајцата министри кој што се одржа минатата недела, беше договорено најдоцна до понеделник 26 август, Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово да ги достави потребните документи дека е извршен пасивен и активен мониторинг на рибните производи, со што Република Македонија ќе дозволи увоз на икра и материјал за порибување од Косово. Во исто време Косово ќе ја повлече одлуката за забрана на увоз на мед и компири од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.