Во врска со доделената државна помош на осомничената фирма од управата за финансиска полиција ТЕ-ТО, акционерите на „Топлификација“ решија јавно да постават неколку прашања до владата.

Зошто ТЕ-ТО не зема кредит од комерцијални банки да си го плати даночниот долг, кога веќе оствариле добивка од 120 милиони евра и направиле даночен долг кон државата од 12 милиони евра и со тоа што не ги плаќале аконтациите на даноци во 2019 година, го зголемиле даночниот долг на 20 милиони евра без никакви последици по осомничената фирма.

Дали Владата се обратила до обвининителството за да праша во која фаза е истрагата за лажниот стечај на ТЕ-ТО? Дали Владата, давајќи државна помош на осомничена фирма станала банка кредитор на осомничени фирми. Дали има функционер во Владата кој посебно ургирал за ова кредитирање на осомничена фирма?

Дали Владата се обратила до ОЈО Скопје и до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за да праша во која фаза е истрагата за лажниот стечај на ТЕ-ТО?

Од Владата велат дека донеле одлука за одложување на плаќањето на даночниот долг. Станува збор за единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, допринесува за поголем бдп на државата како и за подобрување на енергетската сигурност.

Во интерес на државата е објектот да работи без запирање, велат од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.